Доколку вие или некој близок се соочува со проблеми поврзани со коцкањето, важно е да знаете дека не сте сами. Побарајте стручна помош кај психолог, психијатар или локални центри за психолошка поддршка и рехабилитација, каде што можете да добиете професионална помош за справување со зависноста. Тие нудат директна и дискретна помош преку повеќе канали, контактирајте ги за професионална поддршка и консултации.
Училишни психолози
Доколку кај вашето дете препознаете одреден симптом на зависнот од коцкање најпрвин консултирајте се училишниот психолог. Кај нас во секое училиште постои психолог кој е специјализиран да работи со деца и млади.
Младински центар „Сакам да знам“ (Водно, Шуто оризари и Куманово)
Онлајн советувалиште за деца и млади „Ало Бушавко“
„Ало Бушавко“ нуди бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување, упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем. „Ало Бушавко“ дава поддршка на деца и тинејџери, на родители и на училишта. https://alobushavko.mk/
Центри и советувалишта за зависности
Кај нас не постојат (сè уште) центри специјализирани за зависност од коцкање, но сепак и во центрите за зависност од дрога може да се добие помош. Еве некои основни контакти:
Центар за зависности, Кисела Вода, Скопје; тел. 02/2781626
Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје; Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот