Контакт и помош

Scroll

Побарајте помош и поддршка

Доколку вие или некој близок се соочува со проблеми поврзани со коцкањето, важно е да знаете дека не сте сами. Побарајте стручна помош кај психолог, психијатар или локални центри за психолошка поддршка и рехабилитација, каде што можете да добиете професионална помош за справување со зависноста. Тие нудат директна и дискретна помош преку повеќе канали, контактирајте ги за професионална поддршка и консултации.

Училишни психолози

Доколку кај вашето дете препознаете одреден симптом на зависнот од коцкање најпрвин консултирајте се училишниот психолог. Кај нас во секое училиште постои психолог кој е специјализиран да работи со деца и млади.

Младински центар „Сакам да знам“ (Водно, Шуто оризари и Куманово)

невладината организација ХЕРА, работи на база на психолошки советувања за млади и тука може бесплатно и доверливо да добиете совет доколку се соочувате со каков било проблем, вклучувајќи и проблем со зависничко однесување. Веб адреса за повеќе информации: https://hera.org.mk/mladinski-centar-sakam-da-znam-vodno/ и https://www.facebook.com/hera.macedonia

Центри за ментално здравје, психолошки советувалишта, психијатриски установи и индивитуални психолози и психотерапевти

Онлајн советувалиште за деца и млади „Ало Бушавко“

„Ало Бушавко“ нуди бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување, упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем. „Ало Бушавко“ дава поддршка на деца и тинејџери, на родители и на училишта. https://alobushavko.mk/

Центри и советувалишта за зависности

Кај нас не постојат (сè уште) центри специјализирани за зависност од коцкање, но сепак и во центрите за зависност од дрога може да се добие помош. Еве некои основни контакти:

  • Центар за зависности, Кисела Вода, Скопје; тел. 02/2781626
  • Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје; Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот
  • Евромедика, Скопје; https://evromedika.com.mk/ 
  • Психомедика, Битола; тел. 047 232265 
  • Центар за превенција и третман на болести и зависност од дрога, Охрид; тел. 046 267267 лок.139 и 076 423089
  • Нарконон Балкан https://www.narconon-balkan.org/ 
  • Советувалиште „Доверба“, Скопје; тел. 02 3067713
  • Советувалиште „Здрав живот“, Скопје; тел. 070 254127 
  • Советувалиште СПТЗД, Штип; тел. 032 605087
  • Центар за семејно здравје Хелио Медика 2, Скопје; тел. 02 2455884 и 075 423218
  • МедТим, Србија; https://medtim.mk/ 

Едукација-програма за одвикнување од коцкање

тел. 078 735 910. Повеќе: https://www.facebook.com/profile.php?id=61564655054636

Побарајте ја поддршката што ви е потребна. Секој чекор е важен на патот кон подобрување.

Bottom Image