Како да препознаете дека некој има проблем со коцкање?
Зависноста од коцкање често започнува незабележливо, но постојат јасни знаци кои укажуваат на проблем. Раното препознавање на овие симптоми може да помогне во навремена интервенција и спречување на поголеми последици. Доколку забележите некој од следниве симптоми кај себе или кај некој близок, можно е да постои проблем со коцкање.
Постојано размислување за коцкањето, планирање нови облози или обид за враќање на загубените пари. Лицето може да биде комплетно преокупирано со коцкањето, занемарувајќи други важни обврски.
Коцкањето може да доведе до пад на успехот во училиште или професионални проблеми на работа, поради намалена концентрација, чест изостанок или непосветеност на обврските.
Лицата со проблеми со коцкање често се соочуваат со финансиски тешкотии, кои ги принудуваат да позајмуваат пари, да продаваат вредни предмети или да ги трошат своите заштеди.
Многу зависници од коцкање лажат за своите активности, прикриваат каде го поминуваат времето или како ги трошат парите, за да го сокријат своето коцкање од семејството и пријателите.
Лицата зависни од коцкање можат да покажуваат знаци на нервоза, раздразливост или агресија кога не можат да се коцкаат. Ова може да биде знак за сериозна психолошка зависност.
Видеа
со експерти
За подетално разбирање на симптомите и начинот на препознавање на зависноста од коцкање, погледнете ги видеата во кои психолози и експерти ја објаснуваат оваа состојба. Тие ќе ве научат како да ги идентификувате раните знаци и како да пристапите кон лицата што се соочуваат со овој проблем.