Во рамките на кампањата „Коцкањето не е игра“ што ја спроведува здружението Дидакта Нова, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу здружението Дидакта Нова и СУГС „Орце Николов“. Овој меморандум на соработка е со цел да се формализира заедничката соработка помеѓу Гимназијата „Орце Николов“ и Асоцијација на наставници и професионалци од ообласта на образованието Дидакта Нова. Воспоставувајќи билатерални односи фокусирани на заедничка соработка помеѓу двете страни, во правец на зајакнување на нивните заеднички и индивидуални капацитети, двете организации ќе развиваат и имплементираат активности во рамки на кампањата „Коцкањето не е игра“, кампања за едукација и подигнување на свесноста од опасностите од зависноста кај младите од коцкање и за справување нејзините ефекти.