На 8.10.2024 г. во СУГС Гимназија „Орце Николов“ Скопје со учениците од втора година се одржа работилница со наслов „Кој победува“. Работилницата ја водеше Ана Попризова, психолог и гешталт терапевт.
Цел на работилницата беше да се подигне свесноста кај учениците за опасностите од прекумерното коцкање кај адолесцентите.
Преку краток филм, презентација, групна работа и дискусија се дефинираше појавата на прекумерно коцкање, факторите кои влијаат на развој на оваа појава и препораки за помош и поддршка кај оние ученици кои се во ризик да развијат прекумерно коцкање.
Работилницата беше проследена со голем интерес и активна вклученост на учениците.