На 20 ноември во „Јавна соба“, со почеток од 13 часот ќе се одржи панел-дискусија на тeма зависност од игрите на среќа и коцкањето кај младите, со учество на стручни лица од областа на психолохијата и психијатријата. Панелот е дел од кампањата „Коцкањето не е игра“ за едукација и подигнување на свесноста од опасностите од зависноста кај младите од коцкање и за справување нејзините ефекти, а поканети се сите психолози, психијатри, педагози и други стручни лица кои се занимаваат со оваа проблематика.
На панелот своите ќе зборуваат и ќе споделат свои искуства: проф. д-р Лилјана Игњатова, Медицински факултет Скопје, психијатар од Центарот за превенција и третман на зависности при Психијатриска болница Скопје, Ана Попризова, училиштен психолог и гешталт психотерапевт, од СУГС Гимназија „Орце Николов“, и Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС Гимназија „Никола Карев“.