Рекламирањето на игрите на среќа во Србија станува сè поагресивно. Стручњаците предупредуваат на опасноста игрите на среќа да станат „мејнстрим“ и да бидат уште поголема закана за менталното здравје. Здружението на психолозите во Србија реагира на експанзијата на рекламирањето на коцкарниците, обрнувајќи внимание на негативните ефекти што игрите на среќа ги имаат кај населението, а особено кај младите.
„Рекламирањето на игрите на среќа како ‘забава’, каде што акцентот е ставен на ризикот, неизвесноста и смелоста, може да ја поттикне желбата кај младите да го пробаат тоа. Самата фактичка забрана дополнително го зголемува предизвикот. ‘Искушенијата’ демнат од сите страни, никој не е безбеден дури и ако гледа филм на интернет, се обидува да се опушти со музика на YouTube или ги следи настаните на социјалните мрежи.“, велат од здружението.