Како дел од кампањата „Коцкањето не е игра“ за едукација и подигнување на свесноста од опасностите од зависноста кај младите од коцкање и за справување нејзините ефекти, Дидакта Нова подготви прирачници со наслов „Младите и игрите на среќа“.
Прирачниците се достапни на страницата „Коцкањето не е игра“ и можат да се преземат бесплатно. Стручните служби во училиштата и училишните библиотекари, центрите за зависности, центрите и советувалиштата за ментално здравје, како и сите организации или индивидуалци кои работат на ова поле, можат да нè контактираат за достава и на печатени верзии од овие прирачници, на следната адреса: info@kockanjetoneeigra.mk.