Панел-дискусија „Зависноста од игрите на среќа и коцкањето кај младите“

Scroll

На 20 ноември во „Јавна соба“ во Скопје се одржа панел-дискусија на тeма зависност од игрите на среќа и коцкањето кај младите, со учество на стручни лица од областа на психолохијата и психијатријата. 

На панелот зборуваа: проф. д-р Лилјана Игњатова, Медицински факултет Скопје, психијатар од Центарот за превенција и третман на зависности при Психијатриска болница Скопје, Ана Попризова, училиштен психолог и гешталт психотерапевт, од СУГС Гимназија „Орце Николов“, и Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС Гимназија „Никола Карев“. Тие своите знаења и искуства во врска со проблематиката ги споделија со присутните училишни психолози, кои дојдоа во голем број, се вклучија во активна дискусија споделувајќи и сопствени искуства и изразија итност за решавање на овој проблем кај младите, кој на нашите простори веќе прераснува во епидемија.

Панелот е дел од кампањата „Коцкањето не е игра“ за едукација и подигнување на свесноста од опасностите од зависноста кај младите од коцкање и за справување нејзините ефекти организирана од Асоцијацијата на наставници и професионалци од областа на образованието „Дидакта Нова“, а поканети беа сите психолози, психијатри, педагози и други стручни лица кои се занимаваат со оваа проблематика. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста кај младите за опасностите од коцкањето и да се промовираат алтернативи за здрава забава и ментално здравје. Кампањата има за цел и да ги охрабри оние кои се борат со зависноста од коцкање да побараат помош.

Како дел од оваа кампања досега се одржани неколку работилници со учениците од средните училишта во Скопје, отпечатени се прирачници со препораки за справување со зависноста од игрите на среќа, отпечатени и дистрибуирани се едукативни материјали, а изградена е и специјализирана веб-страница kockanjetoneeigra.mk. Планирано е да се одржат и дополнителни работилници со стручни лица, како и со млади.

 

Погледнете ја целата панел-дискусија тука.

admin

    Similar Posts

    17,8% од младите во Македонија зависници од коцкање

    Дали сте зависни од коцкање? Ова треба да го знаете 

    Водечки експерт за зависност од коцкање тврди дека коцкањето не м

    Дали имате коцкар во семејството? Еве како да дадете поддршка

    Негативните последици од коцкањето доаѓаат во многу облици, што в

    Bottom Image