Во кризни ситуации и во сиромашни општества луѓето одат кон игрите на среќа во надеж дека ќе се збогатат и тоа е онаа стара позната теза „леб и игри“. Тоа што кладилниците се полни не е израз за добар живот, на богатство, туку е израз на сиромаштија. Коцкањето и кладилниците се еден вид порок кој, кога ќе ја премине границата, станува лош сокузник на секој човек.