Дружењето на крај секогаш подразбираше одење во кладилница. Одевме на апарати, мислевме дека тоа е само игра. Но не е. Таа игра ми го разори животот, се задолжив кај лихвари, а родителите мораше да го продадат станот за луѓето на кои им должев не ми ги скршат нозете. Од тогаш поминаа 10 години, и денес не гледам во апарат. Застанав тогаш кога сфатив во што го вовлеков семејството, и кога дојде спасот – бременоста на мојата девојка.